следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

FFFMK 10 ВО ПРИЛЕП

21 - 23 јуни 2017

Во соработка со градот Прилеп и асоцијацијата „Сега“ и со поддршка на партнерите на фестивалот: Охридска банка - Société générale, TV5 Monde, Euroimpex PeugeotМладински културен центар, Публицис и Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Скопје.

Филмовите се со превод на македонски јазик.


Отворање на FFFMK 10 во Прилеп
Среда 21 јуни 2017, 20:00 ч. | Кино „Мис Стон“ во Прилеп 
„Мастро“ (2014, 1ч. 25)
на Леа Фазер, со Пио Марме и Михаел Лондал

Анри е млад актер, којшто сонува да игра во „Брзи и бесни“, но ќе се најде во ситуација да игра во филм на Седрик Ровер, заколнат припадник на авторскиот филм. Условите за снимање воопшто не одговараат на неговите очекувања...
Но, благодарение на шармот на неговата партнерка и благонаклонетоста на режисерот, ќе се појават дотогаш непознати чувства за него. Ровер, пак, вознесен од младоста и имагинацијата на Анри, снимањето на филмот ќе го доживее како неочекуван подарок. 

____________________________________________________
Четврток 22 јуни 2017, 20:00 ч. | Кино „Мис Стон“ во Прилеп  
„Случајот СК-1“ (2015, 2ч. 00)
на Фредерик Телие, со Рафаел Персоназ и Натали Бај

Париз, 1991 година. Франк Мањ е млад инспектор, кој ја започнува кариерата во полиција, во криминалното одделение. Неговата прва истрага е по убиецот на млада девојка. Истрагата трае 8 години, којашто тој посветено ќе ја продолжи, иако никој не верува во конечниот исход. Во текот на цела деценија бројот на жртви се зголемува, трагите постепено се губат, а свирепите убиства не престануваат. Франк е решен да го запре чудовиштето...
Филмот е снимен според вистинит настан.


___________________________________________________
Среда 21 јуни 2017, 20:00 ч. | Кино „Мис Стон“ во Прилеп  
„Три срца“ (2014, 1ч 46)
на Беноа Жако, со Беноа Полворд, Шарлот Генсбур, Кјара Мастројани, Катрин Денев

Една ноќ, во еден провинциски град, Марк го пропушта возот и не се враќа за Париз, но попат ја среќава Силви. Тие шетаат низ улиците до утрото и зборуваат за се’ освен за себеси.
Марк се качува на првиот воз и и’ закажува средба на Силви во Париз неколку дена подоцна, иако не знаат ништо еден за друг. Силви оди на средбата, но Марк не доаѓа... Во потрагата по Силви, тој ќе наиде на друга девојка, Софи, без да знае дека таа е сестрата на Силви...