следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Француски вечери на Охридско Лето

Сабота 29 јули 2017,  21 ч. | Црква Света Софија
Концерт на класична музика на Квартетот Диотима

Основан од страна на дипломирани студенти на музичките конзерваториуми од Париз и од Лион,  името на квартетот Диотима е извадено од делото на Луиџи Ноно Фрагменте Стил, An Diotima, кој со тоа дело ја афирмира својата поддршка за музиката на своето време.  Привилегирани партнери на голем број композитори, тие сепак не го занемаруваат класичниот репертоар на жичаните квартети.
Од своето создадавање, квартетот има настапувано на бројни фестивали и има реализирано серија меѓународни концерти во Европа, САД, Кина, Јапонија, а нивните дискови редовно имаат одличен оддек кај критиката.

Недела 30 јули 2017, 21ч. | Црква Свеата Софија
Рецитал на харфистот Емануел Сесон

Од 2005 година наваму, Емануел Сесон настапува на меѓународната сцена: Вигмор Хала, Салата Гаво, Карнеги Хол, а има настапувано и со бројни национални филхармонии. Тој редовно изведува рецитали, концерти на камерна музика и редовно има позитивни написи во медиумите за неговите настапи.
Во 2006 година, станува член на Оркестарот на Париската национална Опера како прва харфа. Неговите соло изведби се особено позитивно прифатениод страна на париската критика. Беспрекорното владеење со инструментот, му ги носи највисоките меѓународни почести: златен медал  и наградата за најдобра изведба на Меѓународниот конкурс за харфа во САД во 2004 година, прва награда и 6 специјални награди на натпреварот Аuditions Young Concert Artists во Њујорк во 2006 година и првата награда на престижниот конкурс во Минхен во септември 2009, со што тој станува првиот харфист којшто ги освојува трите најголеми меѓународни награди за харфа.

Вторник 11 август 2017 21ч  Црква Света Софија                                                                                          
Концерт на барокна музика на барокното трио Версај / Ансамбл Маскерина
Себастијен Берета – попречна флејта
Мари Гијоми - флејта да гамба
Никола Ватин – теорба

Последниот концерт е организиран со поддршката на Францускиот интитут во Скопје.

- - - - - 

За подетални информации за концертите и билети, ве молиме отворете ја интернет страната на фестивалот Охридско лето.