следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Дебата

"Планински туризам и екотуризам за одржлив развој за Македонија"

Четврток 18 мај 2017, 19:00 часот | Француски институт во Скопје

 

Учесници:

  • г-дин Рафаел Трује, директор на француското здружение Тетрактис,
  • г-дин Жилбер Мантовани, заменик претседател и основач, и
  • г-дин Оливје Беф, планинарски водич којшто престојува во Велес.

Тетрактис е организација чија цел е да ги истражи сите можности за соработка во насока на урамнотежен развој на регионите. Здруженитео развива активности во Франција, но исто така и во Јужна Америка, Африка и Азија.

Претставниците од ова здружение престојуваат во Македонија со цел изнаоѓање на потенцијални партнерства и соработка околу проектите за локален развој, одржлив туризам и регионален развој.
Водичот, пак, ќе проговори за конкретните услови и развој на екотуризмот и планинскиот туризам во Македонија, врз основа на искуството стекнато во последниве години.

Со консекутивен превод.

Дебатата ја организираат Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје.