следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Славниот автор Фредерик Бегбеде во Скопје 

Преземете ја листата со наслови од Фредерик Бегбеде, достапни во нашата медијатека

 

Средба на македонските писатели со Фредерик Бегбеде
„Новото книжевно творештво во Франција и во Македонија“

Петок 28 април 2017, 18:00 ч.| Француски институт во Скопје
Присуство само со покана.

Книжевна средба и дебата со авторот Фредерик Бегбеде 
Сабота 29 април 2017, 19:30 ч. | „Јавна соба“
Средбата е отворена за публиката; повелете на разговор со овој познат француски автор!

Настаните се организираат во соработка со издавачкиот центар „Три“.

 *    *    *

Федерик Бегбеде е роден во 1965 во Неји на Сена. По разводот на неговите родители, тој и брат му Шарл живеат со нивната мајка.
Завршува во гимназиите Монтењ и Луј Ле Гран, а потоа се запишува на полички науки, каде ќе се здобие со диплома по маркетинг.

Првиот роман е издаден 1990 година, на неговата 24-годинишна возраст и ќе го наслови “ Мемоарите на еден млад пореметен човек“.

Во 1994 год., ја основа книжевната награда При де Флор, по прочуеното кафуле од Сeн Жермен де Пре во Париз. Оваа книжевна награда, секоја година му се доделува на млад талентиран автор.

Фредерик Бегбеде е многу контрадикторна и контроверзна личност во француските кругови. Toj е монденска и култивирана личност, којшто се вљубен во себеси, но истовремено не се поштедува од автокритика во неговите романи. Тој му се спротиставува на системот, на рекламите, но работи во тој свет 10 години. 

Од 2003 до 2006 година, тој бил уредник за големата француска издавачка куќа Фламарион и во тој период издава 25 романи.

Неговите библиографија е составена од следните дела : „Мемоарите на еден млад пореметен човек“ (1990), „Одмор во кома“ (1994), „Љубовта трае три години“ (1997), „99 франци“ („14,99 евра“) (2000), „Прозорец кон светот “ (награда Интералие, 2003), „Романтичен егоист (2005), „Помош пардон“ (2007), „Француски роман“ (награда Ренодо, 2009), „Уна и Селинџер“ (2014).

Во моментов тој е писател, тв водител, понекогаш работи како диџеј, режисер, но и книжевен критичар за „Фигаро Магазин“, како и главен уредник на магазинот „Тој“.