следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Француско-германски саем на детска литература:
„Го читаме другиот“

СКОПЈЕ
25 април 2017, 13:00 ч. | Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје

БИТОЛА
26 април 2017, 13:00 ч. | Матична и универзитетска библиотека

ГОСТИВАР
26 април 2017, 13:00 ч.  | Дом на културата

*   *   *

Запознајте со ресурсите за француските автори и илустратори Ан Малер и Марк Бутаван

*   *   *

Погледнете галерија со фотографии од настанот.

*   *   *

Францускиот институт во Скопје и Гете-институт Скопје организираа Француско-германски саем на детска литература со наслов „Го читаме другиот“.

За време на Француско-германскиот саем за детска литература, којшто се одржа во Скопје, Битола и Гостивар, имаше богата размена помеѓу младите учесници и четворицата илустратори за млади : Ан Малер, Јана Хајнике и Патрик Хертвек, кои уживаа во средбата со публиката.

Овој проект, којшто се реализира со поддршка на Германско- францускиот културен фонд, имаше за цел да го промовира читањето како можност за интеграција и подобро разбирање на другите.

Целта на проектот се состоеше во тоа да се нагласи дека јазиците не претставуваат конкуренција еден на друг, туку напротив, изучувањето на еден јазик, дали е тоа германски, француски, македонски или албански јазик, овозможува создавање на блиски социјални врски и притоа можат да се наминат невидливите бариери меѓу различните заедници.

Основата на проектот ја сочинуваа училиштата каде се изучува германскиот или францускиот јазик. Во рамките на германско-француските саеми на детска литература  беа организирани работилници, литературни читања и дискусии со двајца германски и двајца француски писатели/ писателки.

Манифестацијата се организираше во соработка со Француските алијанси од Тетово и од Битола и со поддршката на Германско-францускиот фонд за култура и на Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка.

Француски автори

Ан Малер
Ан Малер е млада илустраторка на детска литература по потекло од францускиот регион Алзас. Родена е во 1990 г., а студиите ги завршува во Нант. По дипломирањето во 2012 г., таа веднаш започнува со работа на првите сликовници за деца. Работи со маслени бои, далеку од градот...
Авторка е на следните дела: „Епаминодас“, „Како боите им доаѓаат на птиците“, „Жил и Жили“, „А, сепак“, „Ектор“, „Зелената вештерка шири хаос“,„Зелената вештерка прави палавштини“, „Агендата на малото глувче“,„Рагедон и големиот Гул“.

Марк Бутаван
Марк Бутаван е графичар, илустратор, автор на детска литература и на стрипови. Роден е во 1970 година во Дижон, во францускиот регион Бургоња. Тој има илустрирано повеќе од 40-тина дела за млади кај издавачката куќа Мила, Акт Сид Јуниор, Бајар Женес, Галимар Женес, Натан. Тој е автор на познатиот детски лик Мук и, заедно со Емануел Гибер, творец на ликот на магарето Ариол, којшто е дел од телевизиските екрани.
Автор е на „Влакнестото топче и мојата патка“, „Мук се досадува по малку...“, „Мук на велосипед“, „Мук се облекува“,„Мук на пат околу светот со велосипед со налепници“, „Мојата книга полна со активности за запознавање на светот со Мук“, како и многу други илустрирани дела со детските ликови Едмод, Кучето Пури и Ариол.

Германски автори 

Јана Хајнике
Јана Хајнике, родена 1986 г. во Берлин, студирала литературно пишување на Уметничката Академија во Берн.
Нејзината прва книга за деца „На Удо му треба персонал“ е издадена во септември 2016 г. Од 2010 г. Јана Хајнике нуди работилници за поетри слем и предава креативно пишување во училиштата. Од нејзиното долгогодишно искуство со поетри слем и нејзиното воодушевување за театарот на фигури и објекти, есента 2014 г. произлегува нова форма на претставување: Пупетри слем Берлин, прв натпревар на игра со кукли во Германија.

Патрик Хертвек
Роден 1972 г. во Баден- Баден, Патрик Хертвек по завршувањето на матурата патува со својот велосипед низ многу области во Европа, потоа неколку години работи во менаџментот на една медиумска куќа, за во еден момент да одлучи, својата тајна страст да ја претвори во професија. Оттогаш, таткото на три сина, живее и работи како слободен писател во Фрајбург во Брајсгау. Во 2015 г. издаден е неговиот прв роман „Маги и градот на крадците“.