следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Преполна сала и овации за екслузивниот танц перформанс
"Пиксел" на отворање на Скопје Танц Фестивал

Среда 5 април 2017, 20 часот | Македонски народен театар

Преполна сала, овации и огромни аплаузи за групата Кафиг на отворање на Танц фест!

„Пиксел“, исклучителен танчерски перформанс, спој на дигиталните уметности, новите видео технологии, хип-хоп танцот и циркуската уметност, ја освои публиката, којашто на нозе ги изрази силните впечатоци.

Честитки за настапот на танчерите и одличната кореографија на Мурад Мерзуки!

-   -   -

Пиксел е иновативен танц перформанс, комбинација на хип-хоп, современ танц, циркуска уметност и светлосни проекции преку еден сосем нов концепт на иновативна режија. Проекциите на видеа им овозможуваат на танчерите да го користат просторот на нов и неочекуван начин во рамките на едночасовниот настап, во рамките на кој човекот е центар на технологијата. 

11-те танчери од хип-хоп групата Käfig создаваат идеална хармонија со футуристичките 3D проекции. Уметниците Адриен Мондо и Клер Барден се креаторите на овој балет.


Во соработка со Скопје Танц фестивалот.

Со поддршката на Театроскоп, во рамките на Франс Данс Ориент Експрес, Министерството за култура на РМ и Охридска банка.

Театроскоп е програма на иницијатива на Францускиот институт во Париз, Министерството за култура на Франција, Министерството за надворешни работи на Франција.