следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Огромен успех на предавањето на славниот математичар Седрик Вилани
на тема „Уметноста и математиката“

Погледнете галерија со фотографии

Преполна сала и огромен успех на предавањето на славниот француски математичар Седрик Вилани во Скопје!

Повеќе од 350 присутни гости со голем интерес го проследија предавањето на тема „Уметноста и математиката“ на научникот со светско реноме, Седрик Вилани, на 7 април 2017, во Македонската академија на науките и уметностите.

Г-дин Вилани пред предавањето, реализираше средба со г-дин Таки Фити, Претседател на Македонската академија на науките и уметностите, во присуство на Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција.

-   -   -

Седрик Вилани, еминентен научник, професор на Универзитетот Лион 1, директор на Институтот Анри Поенкаре, член на Француската академија на науките и уметностите и добитник на престижната награда Филдс 2010, одржа предавање МАНУ.

Вилани е роден е во 1973 год., во Брив Ла Гајард, а студиите ги завршил на една од најпрестижните високи француски универзитетски школи École Normale Superieure во Париз. Денес, тој е професор на Универзитетот Лион 1, каде што држи предавања и истражува. Патува многу, бидејќи, како што вели, "патувањата се составен дел од кариерата на еден математичар."

Вилани е добитник на повеќе награди и признанија, меѓу кои наградата Луј Арман во 2001 година, Пеко-Вимон во 2003 година; награда за Предавач од Меѓународниот конгрес на математичарите во 2006 год., Наградата Жак Ебран во 2007 година и Медалјата Филдс, најпрестижната награда во математиката, често сметана како еквивалент на Нобеловата награда, бидејќи таа не постои за оваа дисциплина.

Тој е член на уредувачкиот одбор на Inventiones Mathematicae, на Списанието на функционална анализа, Весникот на Математичка физика и Весникот на статистички физика.

Неговите главни теми на истражување се се кинетичката теорија и оптимален транспорт и примената на истиот, област во која тој го напишал две референтни книги: „Тематики во оптимален транспорт“ (2003); „Оптимален транспорт, во минатото и сега“ (2008).

Воопштено, тој истражува теми кои се кои се спој од следниве:

• еволутивни равенки;
• механика на флуидите;
• статистичка механика;
• теорија на веројатност;
• "метричка" геометрија;
• функционални нееднаквостите со геометриски содржини.

Научниот циклус се организираше во соработка со Универзитетската агенција на Франкофонијата и Македонската академија на науките и уметностите.