следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

 КУЛТУРА 2016

Францускиот институт во Скопје и Француските алијанси во Битола и во Тетово ја сочинуваат културната и јазична мрежа на Франција на македонско тло. 

Францускиот институт во Скопје е најстарата странска културна институција во Македонија (основана во 1974 година), која е призната и ценета од професионалците во доменот на културата. 

Францускиот институт во Скопје се потпира на мрежа културни институтции и партнери за да обезбеди присуство на француски уметници од највисок ранг во рамките на значајните културни настани во главниот град и во поголемите градови во земјата.

Во средиштето на своите приоритети, Францускиот институт ги истакнува засилувањето на изучувањето на францускиот јазик во училишните, универзитетските и професионалните средини преку:

  • поддршка на двојазичното образование во основните и средните училишта,
  • поддршка на изучувањето на францускиот јазик во раната возраст,
  • поддршка на франкофонските активности,
  • поддршка во обучување на професорите по француски јазик,
  • развој и збогатување на понудата на часови по француски јазик и на активностите на француски јазик.


Францускиот институт претставува место за дебата на идеи и за слободно изразување на француската мисла. Средби, научни собири, тркалезни маси се предвидени во насока на размена на идеите за актуелните општествени прашања и прашањата кои се тема на заеднички интерес.

Францускиот институт делува во насока на ширење на културата преку организирање на опсежни активности и настани во следните сфери: ФИЛМ, ДИЗАЈН/МОДА, СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ, ТЕАТАР, ИСТОРИСКО И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, но, исто така, и преку земање учество на значајни фестивали.

Францускиот институт ја празнува и француската гастрономија и уметност на живеењето преку празнични настани посветени на виното и француската кујна во рамките на кампањата „Гу де Франс“ (вкусот на Франција) на Францускиот институт се на располагање на јавноста.

Францускиот институт е значаен партнер во училишната, академската и научната сфера на Македонија. Секоја година, тој се грижи за мобилноста на македонските студенти кон Франција и организира регионални франкофонски обуки. Тој поттикнува и промовира соработки со високообразовните установи и универзитети, особено во доменот на МЕДИЦИНАТА, ПРАВОТО и ТУРИЗМОТ.

Ве очекува богата, разнолика 2016 година, полна со изненадувања.

Повелете и придружете ни се во голем број на нашите активности.

Францускиот институт во Скопје ве очекува.