следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

ЕВРОПСКИ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ

Понеделник 26 септември 2016, 10 часот
Сала за седници на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ 

 

Европскиот ден на јазиците беше одбележан од страна на мрежата на културни институти ЕУНИК-Скопје, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Делегацијата на Европската унија, а воедно беше доделена и наградата Вавилон за превод на француски јазик на Марија Коцевска и Ана Димевска.

Во текот на настанот англиски, италијански и француски експерти (од Универзитетската агенција на Франкофонијата) ги претставија новите начини на учење на јазици преку Отворени образовни ресурси (МООС).

*   *   *

Програма:

10:00 ч. Отворање 
Изабел Марки-Барбо, Претседател на EUNIC-Skopje
Анета Дучевска, Декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје
Н.Е. Самуел Жбогар, Шеф на Делегацијата на Европската Унија

10.15 ч. Награда Вавилон за млади преведувачи
Претставување на третото издание на наградата Вавилон: проф. Огнена Никуљски, член на Здружението на преведувачи МАТА и Претседател на Одборот за наградата Вавилон 
Церемонија на доделување на наградата

10:45 ч. Со Отворени Образовни Ресурси (MOOCs) до културен и јазичен диверзитет: 
Учете јазици бесплатно!
10.50-11.10 Крис Кејви (Британски Совет) 
11.20-11.40 Видеоконференција на Мона Ларуси (Универзитетска агенција на Франкофонијата)
11.50-12.10 Видеоконференција на Валерија Тониоли (Универзитет „Ка Фоскари“ од Венеција) 

12h15-12h30 Затворање

Интерактивен дел со повеќејазично учество на студентите.

Настанот е организиран од мрежата EUNIC-Skopje