следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

ПОВИК ЗА ПРОЕКТИ ЗА ТРИМЕСЕЧЕН УМЕТНИЧКИ ПРЕСТОЈ ВО ПАРИЗ
Меѓународен конкурс

Програмата е наменета за сите странски уметници кои сакаат да реализираат проект за истражување во Париз во текот на три месеци.

Повикот се однесува на сите уметнички дисциплини: архитектура, визуелни, сценски, улични, дигитални уметности, стрип, дизајн, книжевност, филм, анимиран филм, документарен или креативен филм, куратори. 

Критериуми за избор:

Уметниците треба:

  • да бидат професионално активни
  • да зборуваат француски и/или англиски јазик
  • да имаат потврда за работно искуство
  • да бидат самостојни во текот на престојот во Резиденцијата
  • да бидат ослободени од нивната професионална активност во текот на целосниот престој во Париз
  • да имаат потврда за финансиска поддршка од француската културна мрежа или од страна на француска институција којашто би ги покрила трошоците на престојот.

Освен професионлното искуство на кандидатот, особено внимание ќе се обрне на квалитетот на проектото, потребата од престој во Париз, протоколот на предвидените активности и перспективите за размени со француски партнери.

Францускиот институт во Париз ќе стави на располгање на уметникот ателје/сместување во Меѓународната резиденција на уметностите во париз.
Амбасадата на Франција ќе го покрие трошокот за транспорт на селектираниот кандидат.

Краен датум за достава на досиејата: 15 септември2016 (вклучително и оваа дата) во Францускиот институт во Скопје на следниот мејл: culture@ifs.mk 

Сите информации за составување на досие (формулари и забелешки) на следниот линк: http://www.citedesartsparis.net/