следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

КУЛТУРНИ МОСТОВИ

Февруари 2019

Месец февруари во Францускиот институт во Скопје ќе биде во знакот на меѓународната манифестација „Ноќ на идеите“, во знак на модата и филмот. Настаните се одржуваат пред да се разбуди пролетта и пред почетокот на месецот на Франкофонијата, којшто, пак, ќе биде особено богат со активности, посветен на франкофонскиот автор Никола Бувие и на патувањата.
Така, Францускиот институт полека ќе ја испрати зимата.

НОЌ НА ИДЕИТЕ ВО СКОПЈЕ
Четврток 14 февруари 2019, 18 часот| Француски институт во Скопје
Предавање / дебата „Иднината на филозофската и научната мисла“
Ноќта на идеите во Скопје ќе се одржи низ дијалогот/дебата помеѓу Делфин Морана Бирло, професорка по историја на уметност и археологија, и Ана Димишковкса, професорка на Филозофскиот факултет во Скопје.
Кои се главните предизвици со коишто соочува филозофската мисла во 21-от век? Каде е местото на историјата на уметност во просторот помеѓу минатото и иднината? Како да им се отстапи поголема присутност на општествените науки во образованието? Ова се дел од прашањата на кои ќе се разговара на оваа отворена дебата.
Г-ѓа Делфин Морана Бирло ќе земе учество на неделата на филозофијата организирана од Филозофскиот факултет во Скопје, од 11 до 15 февруари 2019.

МОДА / ДИЗАЈН
Четврток 21 февруари 2019, 18 часот | Француски институт во Скопје
Презентација на изработките на студентиките на Интернационалниот институт за мода Изет Цури
Три студентки на Интернационалниот институт за мода престојуваа во Франција во рамките на Саемот Прет-а-Порте во Париз, којшто се одржа во втората половина на септември 2018 година. Јехона Кастрати, Дриада Демири и Љумтурије Ќамили ќе ги споделат нивните впечатоци од престојот, а во излогот на Францускиот институт ќе бидат изложени нивните креации.

ФИЛМ
Петок 22 февруари 2019, 20 часот | Кинотека на Македонија
Француски кино-клуб / Циклус современ француски филм
„Како вистински момчиња“ на Жилиен Алар (2018), со Макс Бублил, Ванеса Гиг и Солен Рого.
Ренс, 1969 година. Пол Кутар, непоправлив заводник и спортски новинар во дневниот весник Л Шампеноа, одлучува да организира фудбалски меч во женска конкуренција за да го предизвика директорот за време на годишната забава за вработените во весникот. Неговата најголема непријателка и секретарка на управникот, Емануела Бруно, е принудена да му помогне. Без да знаат, двајцата ќе учествуваат во создавањето на првиот женски репрезентативен фудбалски тим на Франција.
Не пропуштајте ја оваа одлична комедија! 

* * *

МЕДИЈАТЕКА
Во текот на целата година, медијатеката ви предлага тематски анимации за млади, отворени за публиката.

Земете членска картичка и пристапете до бројните понуди на медијатеката на Францускиот институт!

Сите членови добиваат бесплатно членство на онлајн медијатеката Culturethèque, којашто е особено богата со дигитални ресурси од најразновидни области !

* * *

ЧАСОВИ ПО ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК
Повеќе од 1 000 уписи годишно, повеќе од 3 500 одржани часови годишно, 600 ученици и 20 години квалитет и искуство во организирање часови по француски јазик за деца, основци, средношколци и возрасни, за сите нивоа и потреби!

Пролетна сесија 2019
Уписи: од 28 јануари до 8 февруари 2019, во Францускиот институт во Скопје.
Наставата се одвива од 11 февруари до 4 април 2019.

Летна сесија 2019
Уписи: 1-ви до 12 април 2019, во Францускиот институт во Скопје.
Наставата се одвива од 15 април до 17 јуни 2019.

* * *

МЕЃУНАРОДНИ ИСПИТИ И ДИПЛОМИ
Полагајте за меѓународно призната диплома DELF/DALF којашто го потврдува вашето ниво на познавање на францускиот јазик!

Испитна сесија - февруари 2019
Уписи: од 14 до 25 јануари.
Дати на испити:
A1 Junior / A1 Tout public - 18/02/2019
A2 Junior / A2 Tout public - 19/02/2019
B1 Junior / B1 Tout public - 20/02/2019
B2 Junior / B2 Tout public - 21/02/2019
C1 / C2 - 22/02/2019

Испитна сесија - мај 2019
Уписи: од 15 до 25 април.
Дати на испити:
A1 Junior / A1 Tout public - 27/05/2019
A2 Junior / A2 Tout public - 28/05/2019
B1 Junior / B1 Tout public - 29/05/2019
B2 Junior / B2 Tout public - 30/05/2019
C1 / C2 - 31/05/2019

* * *

СТУДИИ ВО ФРАНЦИЈА
Студирајте по пристапни цени и стекнете се со француска диплома !

Уписите во прва година на државните француски универзитети се отворени до 15 февруари 2019.