следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Мрежа EUNIC Skopje

 

EUNIC Skopje е член на мрежата на национални културни институти кои имаат за цел преку своите активности да дадат придонес во културната разновидност во и надвор од Европската унија, како и да го зацврстат културниот дијалог и размени.
Мрежата EUNIC Skopje беше основана на 29 декември 2015 година, од страна на Францускиот институт во Скопје, центарот Данте Алигиери и Британскиот совет во Скопје.

Во мај 2016 година, EUNIC Skopje го прослави Денот на Европа, со акцент на мобилноста на младите, до поддршката на амбасадите на Словенија и на Шпанија, Секретаријатот за европски прашања, Делегацијата на Европската унија во Македовија и Националната агенција за мобилност и европски програми на РМ.

Во месец септември беше одбележан Европскиот ден на јазиците од страна на мрежата на културни институти ЕУНИК-Скопје, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Делегацијата на Европската унија, а воедно беше доделена и наградата Вавилон за превод на француски јазик на Марија Коцевска и Ана Димевска.