следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

„Мини-видеа“ на тема слобода на говор
во рамките на Францускиот филмски фестивал во Скопје

Втора година по ред Францускиот филмски фестивал им овозможува на младите од Македонија да учествуваат на конкурсот и да се натпреваруваат за изработка на најдоброто мини-видео.

Во партнерство со регионот Нормандија и поддршка на многубројните партнери, Францускиот институт во Скопје и здружението Метаморфозис го организираат овој натпревар во рамките на Францускиот филмски фестивал во Македонија што годинава се одржува под мотото, un cinéma différent !

Проектот “Мини-видео“ е успешен проект преку кој младите генерации имаат можност да го искажат своето мислење токму во период кога во Македонија се случуваат силни општествени тензии. Францускиот режисер Кристијан Венсан како почесен гостин на Фестивалот го поддржа натпреварот и прифати да биде покровител во промовирањето на млади автори на видеата - аматери.

Кино-Култура, партнер на настанот
Свечено доделување на наградите се одржа на 17 јуни во обновеното Кино-култура во Скопје.
Сите седум мини-видеа кои учествуваа на натпреварот се одликуваа со квалитет и вистинска разновидност на звук, слика и став: спротивставеност на машко/женско, македонско/ албанско, урбано/рурално, а младите автори на видеата се студенти од различни области: филологија, внатрешно уредување и дизајн, бизнис, литература и филм.

ПОБЕДНИЦИТЕ на натпреварот за најдоброто « мини-видео »
во рамките на Францускиот филммски фестивал

Прво место : мини-видео « Шшшшт ! » на Бруно Велјановски, добитник на наградата престој на Off-courts фестивал во Трувил, подарок од регионот Долна Нормандија и курс по француски јазик, подарок од Францускиот институт во Скопје
Второ место : мини-видео « On и off » на Наталија Станојевиќ, добитничка на наградата фотоапарат Сони, подарок од Охридска банка
Трето место: мини-видео « Зборувај погласно » на Елион Јашари, добитник на наградата професионални аудио-слушалки, подарок од музичкото студио Ф.А.М.Е.С.

Можете да ги погледнете сите мини-видеа на YouTube каналот на Францускиот институт во Скопје: « Зборувај погласно» на Елион Јашари, « Слобода наспори менталитет » на Харбина Колари, « Граници » на Кети Д. Минк, « Отворени очи » на Моника Павловска, « On и off » на Наталија Станојевиќ, « Слобода е збор во боја » на Стефан Танков, « Шшшт ! » на Бруно Велјановски.

Членови на жири комисијата во мешан состав:
Одре Бијар (Off-Courts фестивал во Трувил), Мице Чаповски (Член на UNICA, Меѓународна независна организација за филм), Виолета Качакова (Локомотива), Нино Роше (француски актер и почесен гостин на фестивалот).

Организација
Анук Ледерле, Менаџер во областа на култура и координатор на проектот
Дона Џамбаска, аниматорка, Метаморфозис
Олгица Крстевска, асистент, ИФС