следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Прослава на денот на Европа

„МЛАДИТЕ И МОБИЛНОСТА“

Понеделник, 9 мај 2016 | 11 - 14 ч. | ЕУ-МК инфо центар (Плоштад Македонија)

 

Мобилноста на младите во Европа беше мотото под кое се одржа прославата на ДенотнаЕвропа, на 9 мај 2016, во ЕУ-МК центарот.

Пролавата ја отвориja г-ѓа Изабел Марки-Барбо, директорка на Францускиот институт во Скопје и претседател на мрежата‪ ‎EUNIC Skopje, и проф. Анастасија Ѓурчиновска, директорка на центарот Данте Алигиери во Скопје.

Настанот предизвика голем интерес кај медиумите, а особено кај младите, кои на настанот беа присутни во голем број.


За време на настанот, младите можеа:

  • да следат работилници со членките на мрежата EUNIC Скопје
  • ја подготват нивната мобилност во Европа
  • да напишат CV и мотивациско писмо на повеќе јазици
  • да го одредат нивното јазично ниво и да дојдат до повеќе информации за мобилноста во Европа (Alumni, Europass)

Настанот беше организиран од Европската Унија на Институти за Култура Скопје (EUNIC Skopje) со Британскиот совет, Данте Алигиери, Францускиот институт во Скопје, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на РМ и  Амбасади, а со поддршка на Секретаријатот за европски прашања и Делегацијата на ЕУ.


Учесници беа Меѓународна асоцијација на волонтери, но и многу млади заинтересирани за мобилност.