следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

КУЛТУРНИ ПАТЕКИ НА ФРАНЦУСКИОТ ИНСТИТУТ ВО СКОПЈЕ

Преземете ја брошурата „Културни патеки 2016“

Културните патеки на Францускиот институт во Скопје во 2016 година го симболизираат светот на идеите и уметноста ; преку францускиот јазик и културата, тие се насочени кон отворање на портите на духот, сензибилноста и знаењето.

УМЕТНИЧКИ СРЕДБИ

Филмот, танцот, дизајнот, музиката, гастрономска уметност ќе ја обојат 2016 година како во Скопје, така и во другите градови во Македонија, преку културна програма со врвни уметници.

Четврток 21 јануари 2016 | Кинотека на Македонија
Филм: Проекција на филмот „Дипломатија“ во знак на одбележување на Елисејскиот договор

Филм: Отворање на кино-клуб во Скопје, Тетово, Битола
Петок 26 февруари 2016 | Кинотека на Македонија
Проекција на филмот „Маестро“

Понеделник 7 март 2016
Фотографија:
Изложба на фотографии на браќата Манаки во Меморијалниот дом во Каен, Нормандија.
Во соработка со Центарот за фотографија на Македонија.

Понеделник 21 март 2016 | Јавна Соба
Француска гастрономија: Манифестација Вкусот на Франција со готвачот Марк Де Jонг

Понеделник 18 и вторник 19 април 2016
Танц: Франција, земја во фокусот на „Танц-фест Скопје“ со гостувањето на групата на Бинту Дембеле (изведби во Скопје и во Битола, професионални работилници за танчери).
Во соработка со „Танц-фест Скопје“.

Од среда 15 до сабота 18 јуни 2016
Филм: 9-то издание на Францускиот филмски фестивал
Во соработка со регионот Нормандија и Охридска банка - Société Générale.

Петок 15 јули 2016 | Црква „Света Софија“
Музика: Француска вечер на фестивалот Охридско лето со учество на Триото Вандерер.

Од 10 септември 2016 | Јавна соба
Дизајн и гастрономска уметност: Изложба „Маси и уметнички слики“

Среда 1 октомври 2016
Улична уметност: Бела ноќ во Скопје и настап на францускиот театар Кидам со претставата „Горди на коњ“.
Во соработка со Младинскиот културен центар.

ИДЕИ И НАУКА 

Вторник 26 и среда 27 јануари 2016
Циклус филозофија: Ноќ на идеите со учеството на филозофот Пјер Касу-Ногес.

Петок 11 март 2016
Циклус книжевност: Кафе-дебата на тема превод на македонски јазик на новите француски романи.

Вторник 15 март 2016
Франкофонија: „Новите предизвици на Франкофонијата и на францускиот јазик во рамките на глобализацијата“.
Во соработка со Македонската академија на науките и уметностите.

Од вторник 12 до понеделник 18 април 2016
Циклус книжевност: Гостување на француски писател на Саемот на книгата во Скопје.

Вторник 17 мај 2016
Архитектура - Урбанизам: „Балкански градови на иднината“
Гости: Мишел Лари-Шарлис, одговорна на секторот за уредување на градот Бордо
Жак Леви, експерт по политичка географија и професор во Лозана

Септември 2016
Циклус наука: „Улогата на науката денес“

Октомври 2016
Циклус книжевност: Гостување на француската авторка Карол Мартинез (да се потврди) и на автор за млади.

Ноември 2016
Циклус социологија: “Ризиците за радикализиција на младите” во соработка со Високата француска школа за општествени науки.

 

ПАТОКАЗИ: МЛАДИ И СТУДЕНТИ

Февруари | Април | Јуни 2016
Современа уметност: Уметничките работилници во Музејот на современата уметност во Скопје овозможуваат запознавање со француската уметност преку едукативно-забавен пристап, со изработки врз основа на делата од француската колекција во Музејот.

Март 2016
Професионална франкофонска пракса: Промоција на професионална пракса за студенти во француски компании.

Почеток на натпреварот Двојазична генерација на тема здравје, наменет за учениците од двојазичните секции.

Празник на Франкофонијата и Професионални средби:
„Франкофонијата ти отвора врати!“

Сабота 19 март 2016 | Младински културен центар
10:00 ч. - 12:00 ч. Интерактивни работилници на тема францускиот јазик за професионална употреба.
Официјално отворање на Саемот на франкофонски компании и оператори во Македонија.
Тркалезна маса и дебата „Францускиот јазик и глобализацијата“ со учество на почесниот гостин Ив Монтене, експерт по геополитика и менаџер.
Натпревар по фракофонски театар „Еден лик, една професија“.

20:30ч Музичка вечер со групата „Фолтин.

Недела 20 март 2016, 11:00 ч. - 13:00 ч. | Трговски центар Рамстор
Франкофонски анимации на 2-от кат во Рамстор.

Мај 2016
Натпревар за млади:Слободата на изразување низ мини-видео (18 - 28 години)
Во рамките на деветтото издание на Фестивалот на француски филм во Македонија.

Од 28 до 31 мај 2016
Спорт: Проект „Фудбал без граници“
Интеркултурни средби во присуство на г-дин Лилиан Турам, претседател на Фондацијата „Со образование против расизмот“.
Во соработка со Гете Институтот.

Јули 2016
Здравје / Права на човекот: Конкурс Labcitoyen 2016 на тема здравјето на човекот.

Од 7 до 20 август 2016
Јазичен престој во училиште за француски јазик во Кан на Азурниот брег, наменет за ученици од 13 до 17 години.

Октомври 2016
Саем за студии во Франција.
Во соработка со Кампус Франс.

Он лајн медијатека на Францускиот институт во Скопје | www.culturethèque.com 
Рубрика за млади: книги, видео игри, вежби на француски јазик, цртани филмови, стрипови.