следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

FFFMK 10 - Француски филмски фестивал
10 години француски филм во Македонија

14 јуни - 19 ноември 2017

Францускиот филмски фестивал низ годините

*   *   *

Десетта година по ред Францускиот институт во Скопје го организира Францускиот филмски фестивал во Македонија, којшто годинава зема една поширока децентрализирана форма.

Во 2017 година, по повод десеттото издание, FFFMK 10 добива форма на патувачки фестивал низ цела Македонија.

Од 14 јуни до 19 ноември 2017, низ поголемите градови во Македонија, ќе бидат прикажани проекции, насловени како „Фокус на франкофонскиот филм во Македонија“ со цел промовирање на францускиот и франкофонскиот филм во земјава.

„Фокус на францускиот филм во Македонија“ е предвиден и во рамките на Синедејс, во месец ноември, во присуство на млади француски филмски таленти, француска вечер поддржана од ТВ5 Монд и серија од најмалку четири француски филмови во период од два или три дена.

Францускиот филмски фестивал низ градовите во Македонија се одржува со поддршката на општините и културните партнери во секој град. 

Сите филмови се со превод на македонски јазик.

Партнери на фестивалот се: Охридска банка- Société générale, TV5 Monde, Euroimpex PeugeotМладински културен центар, Публицис и Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Скопје.

*   *   *

Отворање на FFFMK 10 во Скопје : 14 јуни 2017
FFFMK 10 во Велес: 16 - 18 јуни 2017 
FFFMK 10 во Прилеп: 21- 23 јуни 2017