следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Програма на активности на Францускиот институт во Скопје

Културни патеки - Јануари 2017 

Преземете ја брошурата 

Филмови, книги, дебати, изложба, гастрономија, но и младите во професионален контекст, ќе бидат во фокусот на активностите на Францускиот институт во Скопје на почетокот на 2017 година. Запознајте се со бројни француски гости, уметници и експерти, кои ќе ја збогатат оваа година со новитети, креативност и меѓукултурен дијалог. 

УМЕТНИЧКИ СРЕДБИ

Goût de France (Вкусот на Франција) / Good France
Вторник 21 март 2017, 19 часот | „Дistrikt bar“ - Скопје Мeриот Хотел
Отворање на неделата на француската гастрономија во Скопје Мериот Хотел
Традиционалната манифестација посветена на француската гастрономија, која се одржа во над 1700 ресторани во светот во 2016 година, годинава повторно ќе се одржи во ресторанот „Дistrikt bar“ на Скопје Мериот Хотел.
На програмата за таа вечер : вкусно мени подготвено од француски шеф и француска музика. 

Петок 24 март 2017, 19 ч | Младински културен центар
“Да ја прославиме франкофонијата”
20 ч – Концерт на францускиот поп изведувач Шарл Батист
Вечер на запознавање со француската шансона со овој млад поп артист чија кариера е во подем. Дојдете бројни за да ја прославиме Франкофонијата!
По првиот албум издаден од Универсал и како соло изведувач кој отварал престижни концерти (Жилиет Греко, Бенабар, Големата Софи, Мишел Делпеш, Жак Ижлин и многу други ...) Овој млад изведувач настапува на меѓународната сцена (Канада, Бирманија, Кореја, Кина, Монголија...) благодарение и на Француските институти и Алијанси, преку концерти, на кои изведува оригинални нумери и познати француски песн, како и Диџеј сетови 100% посветени на Француската поп сцена.


Вторник 28 март 2017, 20 ч | Кинотека на Македонија
Француски кино клуб : “Во окото на циклонот“
од Секу Траоре (2015) Маимуна Н‘Дјај, Фаргас Асанде

ПАТЕКИ ЗА МЛАДИ И СТУДЕНТИ

Од 16 јануари до 10 март 2017
Фото натпревар „Освен тоа, зборувам француски!“
Овој интернационален натпревар е отворен за сите возрасни групи. Потребно е да се испрати фотографија од учесникот, во автентична средина, со однапред испечатен плакат “Et en plus, je parle français !” и истата да се постави на една од социјалните мрежи Facebook, Instgram, Twitter.
Повеќе информации на натпреварот на следниот линк.

Среда 22 март 2017, 19ч30 | Француски институт 
Двојазична француско-англиска дебата за млади
„Дали пријателите се исто толку важни колку семејството?”

Петок 24 март 2017 | Младински културен центар
Регионален форум „Францускиот јазик, младите и можностите за работа“
Форумот „Францускиот јазик: предизвик и адут за професионалната иднина на младите” има за цел да ги поврзе компаниите, институциите, универзитетите и училиштата во Македонија и во регионот.
10:30 ч. - Отворање на форумот : „Исто така, зборувам француски! - Им даваме збор на младите”
11:00 ч. - Прва тркалезна маса : „Францускиот јазик, неопходен за мегународна кариера“
12:00 ч. - Говор на Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција, и доделување на наградите од фото натрпеварот „Зборувам Француски“.
Во присуство на амбасадорите на франкофонските земји.
Најдобрите фотографии од фото натпреварот ќе бидат изложени во холот на Младинскиот културен центар.
12:30 ч. - Втора тркалезна маса : „Познавањето на францускиот јазик како можност за работа на младите на Балканот“
13:30 ч. - Трета тркалезна маса : „Франкофонски универзитетски обуки на располагање во Европа“

* * *

Часови по француски за деца, основци, средношколци и возрасни, за сите нивоа и потреби!
Работилници за деца и за средношколци и студенти за двојазични француско-англиски дебати !
Научете француски бидејќи ќе ви користи да аргументирате, да дебатирате, да го искажете вашето мислење, да ги изложите вашите идеи и да убедите на француски јазик.
Уписи за пролетната сесија: од 23 јануари до 3 февруари 2017.
Часовите се одржуваат од 6 февруари до 7 април 2017.

* * *

Потврдете го вашето познавање на францускиот јазик со меѓународно призната диплома ДЕЛФ/ДАЛФ!

* * *

Студирајте по особено ниски цени и добијте француска диплома!
Пријавувањето за упис во 1-ва година на државните француски универзитети се отворени до 22 јануари 2017.

* * *

Земете членска карта на медијатеката, станете привилегиран член на Францускиот институт во Скопје и искористете ги бројните поволности!