следете ги нашите активности на mail

site map

За нас

Повик за партнерство со македонското граѓанско општество

Втор повик - септември 2018


Како дел од соработката со Македонија, Амбасадата на Франција во Скопје предлага партнерство со граѓанското општество коешто има за цел поддршка на проекти што ќе овозможат промовирање на вредности и влогови преку конкретни активности.

Вториот повик за предлог проекти за 2018 година, се однесува на проекти со ниски финансиски трошоци.

Повикот за проекти, за вториот повик 2018, се однесува на две тематики:

  • Промовирање на човековите права и младите : Вклучува мобилизирање на младите луѓе околу човековите права, особено во борбата продив дискриминацијата и за заедничко живеење. Проекти кои исто така ја подигаат свеста за правото на здрава животна средина кај младите луѓе.
  • Зелен туризам и зајакнување на македонското природно наследство: Ќе се разгледуваат проекти за туристичка промоција на македонските природни подрачја, со загриженост за еколошкото почитување на животната средина.

Повеќе информации околу повикот за проекти и пристап до формуларот за аплицирање на линкот на веб страната на Амбасадата на Франција во Скопје.