следете ги нашите активности на mail

site map

За нас

Blueberry Hill

Честопати се истакнуваат корисните својства на боровинkите (или, на англиски, blueberries). Нискокалорични, богати со влакна и антиоксидантни состојки, blueberries се преполни и со витамини. Во новиот, преоптоварен век, забораваме дека среде мноштвото боровинки, се појави црниот пејач Фатс Домино (1928 –2017). Missus dominicus на блузот. Какво само сценско име носи Фатс Домино! Но овој псевдоним не е доволен за да се задржи границата помеѓу неговата уметност и приватниот живот.

Пионерот Антоан Доминик Домино Јуниор. Една од двете или три црни музички ѕвезди коишто го зацементираа ритамот во рокенрол. Минувајќи низ претходниот век, тој го создаде преминот од блуз кон рок. Да повториме, истиот оној музички стил којшто најпрво го пееја црнците, а потоа го презедоа белците. Сфативте дека јас сум само еден коментатор - вљубеник. Неколку стихови од Blueberry Hill… и го слушам и го гледам Фатс Домино на височините на рид со боровинки, како во вестерн филм од педесеттите низ кој провејува весел романизам.

Блуз елеганцијата изгуби еден лик. Фатс Домино си замина од овој свет. Тој беше замислениот посредник меѓу себе самиот, општеството и постоењето. Сиот свој живот, овој музичар само даваше правци. Како дете, му велеа: сепак, треба да се фатиш за работа Антоан Домино Јуниор; но, ете, тој пишуваше, се занимаваше со музика за да не работи! Антоан Домино беше премногу самостоен, премногу смел, а можеби и премногу паметен. Неговата животна линија не беше допрена од ниту една политичка партија, ниту од некоја школа. Тој ја градеше својата култура во џубоксот на Њу Орлеанс, заедно со неговиот зет, џез гитарист. Тој се подготвува да ја стане на нозе цела Америка.

Звукот на Фатс Домино се стиши во неговата 89-та година од животот, што и не е толку лошо за еден рокер. Сродник по душа. Тој не им подлегна на сите слаткасти искушенија по „звезден терк“. Заклучувам: редовно консумирање на Фатс Домино со blueberries (боровинки) помага во превенцијата на инфекциите на моралот. Најдобриот начин да се чествува уметникот којшто сакаше да прави хитови, со постоечките ангели на ридот, е да се слуша, of course, за да остане сеќавањето на него.... And I found my thrill on Blueberry Hill.