следете ги нашите активности на mail

site map

За нас

И З Л О Г

НЕКОЛКУ ЛИЧНИ РАЗМИСЛИ НИЗ ФРАГМЕНТИРАН ПРИСТАП:

          Ние и не знаеме што правиме. Стануваме наутро без да насетиме што носи денот. Кога имаме можност, правиме избор на она што ќе го облечеме, тоа е првото наше дотерување. Тоа е нашиот став кон денот којшто се испишува, нашата прва мала реченица во истиот. Се облекувам и се оближувам со јазикот (на театарот?) и веќе сум заштитен. Се повлекувам ли? Имам ли чувство како ме набљудуваат? Впрочем, дали сме сите ние актери?

          Модата e дотерување, катадневно редење на парчиња текстил на себеси.

          Модата и книжевноста, тие се од исто сродство. Се облекуваме за да бидеме читливи во Менхетен, во Скопје, во Бамако, во Диеп или во Охрид.

          Облекувајќи се, ние сме и млаки и жестоки.

          Модата е претстава, сродна на францускиот јазик.

 

Л Е К

          Модата е лек против сплинот, како оној на Сиоран, Ниче или Бодлер.

          Меланхоличен и млитав, наоѓам лек против досадата во разгледување излози. Модата станува лежерна варијација на неминливоста на времето. Ја сакам модата колку што го сакам и куферот на тркалца, за да ми оди кон подобро.

          За да ги стивнеме нашите желби, бараме „поевтино или на целогодишен попуст“. Јас го купувам она што ми е најубаво и така се чувствувам помалку грд.

          Модата е насекаде, дури и во невидливото однадвор. Тетоважи (врежано мастило на левата надлактица), пирсови (како оној на папокот), депилација (…).

          Модата е труд и вредност.

          Едно модно списание отпочнува моден тренд, а со тоа започнува и дефиле од зборови: конфекција, висока мода, прет-а-порте, кројач, креатор, стилист, кукла, модел, демоде, застарено, ретро, надминато, модно дефиле, излог.

Емануел РEМБЕР
Директор на Францускиот институт во Скопје