следете ги нашите активности на mail

site map

За нас

Оглас за работно место на определено време

Францускиот институт во Скопје отвора оглас за работно место за одговорно лице за медијатекатаво времетраење од 9 месеци. 

Лицето е потребно да има одлично познавање на францускиот и македонскиот јазик (ниво Ц1 за француски јазик).
Познавањето на албанскиот јазик е предност.

Лицето треба да има минимум образование универзитетска диплома, матура + 4 години (студии по француски или друго).

Лицето ќе се грижи за раководење со медијатеката и еден дел од приемот и работа со публика во Институтот.

Основни работни задачи :

  • Прием, советување и давање насоки на публиката (медијатека, часови, испити);
  • Помош при креирање на политиката на набавка на дела за позајмивање во медијатеката, раководење со документите и материјалите во медијатеката;
  • Одржување на анимации во Институтот и надвор од него;
  • Раководење и развивање на он-лајн медијатеката Culturethèque ;
  • Помош при организација на културни настани;
  • Преводи на текстови и докумети.

Конкурсот ќе биде отворен од вторник 3 ноември 2015.
Крајна дата за доставување на кандидатурите: петок 13 ноември 2015.
Потребна документација за досие за кандидатура : CV, копија од дипломата/дипломите и мотивациско писмо.

Ве молиме посочените документи да ги испратите на следната елктронска адреса: info@ifs.mk

Лицето е можно да биде повикано на разговор во периодот од среда 15 до петок 27 ноември 2015.

Лицето треба да биде ослободено од обврски од вторник 1 до петок 12 декември 2015 за следење обука.

Лицето ќе започне со работа в понеделник 11 јануари 2016.