следете ги нашите активности на mail

site map

За нас

Францускиот институт во Скопје е најстарата странска активна културна институтуција во македонија (отворена во 1974 година), којашто е високо призната и почитувана од страна на професионалците во областа на културата. Тој е, исто така, дел од европската културна мрежа EUNIC-Skopje.

Франција е една од најголемите светски економски сили, креативна и динамична земја, отворена кон светот, стожер на демократијата.

Францускиот институт во Скопје како највисок приоритет го поставува засилувањето на изучувањето на францускиот јазик во училишните, универзитетските и професионалните средини. Францускиот јазик ви овозможува пристап до широкото франкофонско пространство и, покрај англискиот, тој е дополнителен адут за успешна професионалната иднина.

Затоа, Францускиот институт ве поканува да се запишете на часовите по француски јазик, кои се засновани врз ефикасна педагогија и најмодерни инструменти за комуникација. Нашата добро подготвена работна екипа ќе ве пречека за да ви помогне во изборот на богатата понуда на часови и работилници наменети за најразновидна публика, којашто најмногу ќе одговара на вашите потреби и очекувања.

Францускиот институт се потпира на мрежа на институции и партнери од областа на културата за да овозможи гостувања на високореномирани француски уметници во рамките на најзначајните културни активности во главниот град и во останатите поголеми градови во земјата.

За да ви ги отвори портите на Франција, на Европа и на петте континенти, во текот на целата година Францускиот институт во Скопје ви нуди разновидна културна програма, со особен акцент на францускиот филм, современите уметнички форми и дебатите на идеи; една програма на која можете да присуствувате и истата можете да ја погледнете во рубриката Култура
Не пропуштајте ги, исто така, франкофонските настани во организација на домашни институции или организации, кои се осврнуваат на француската уметност на живеењето, а се достапни во рубриката Новости.

Доколку сте наш член, имате пристап до Медијатеката, која ви нуди филмови во ДВД формат, музика на ЦД, книги, списанија и весници за позајмување. Нашите членови имаат, исто така, пристап до електронските ресурси, достапни од вашиот дом преку дигиталната медијатека Culturethèque.

На крај, не двоумете се дали да ја искористите врвноста на високото француско образование.
Францускиот институт во Скопје и Кампус Франс ви стојат на располагање за да ви ги дадат неопходните информации врзани за универзитетската сфера, како и за помошта (стипендии) од Франција за странските студенти и пракса во француски компании. Без разлика дали сте научник, инженер, адвокат или книжевник, сигурно ќе го пронајдете вашето место во некој од француските универзитети!
Доказ за тоа е мрежата Алумни во Македонија!

Ние сме во Скопје за вас, посетете нè!