Летен регионален универзитет во Струга 2019
Континуирана обука
Овогодишното издание на Летниот регионален универзитет во Струга се организира од страна на Францускиот институт во Скопје, Француските институт во Србија и Хрватска и Амбасадите на Франција во Албанија и во Косово и претставува значајна обука за пфрофесорите по и на француски јазик од Балканот и од Југоисточна Европа.
Главната цел на оваа обука е да се зголеми визибилитетот на францускиот јазик, да се засили неговото место во образовниот ситем на земјите учеснички на обуката и да созададе поврзаност и размени помеѓу професионалците од сите земји.
Летниот универзитет во Струга е отворен за сите земји од регионот.
Оваа година, Летниот регионален универзитет се одржува од 1 до 5 јули 2019 во хотелот „Дрим“.
Уписите се вршат онлајн најдоцна до 31 мај 2019 година, на следниот линк:
https://sites.google.com/view/uestruga/inscription
Сите потребни информации се достапни на веб страницата на Летниот регионален универзите во Струга 2019.